27.07.2023 Скопје
Приватната компанија LandSpace успешно ја лансираше првата ракета која користи течен метан (LCH4, L – течност) и течен кислород (LO2) како погонско гориво.
Со ова Кинезите забележаа „голем пробив“ и ги престигнаа американските ривали во развојот на потенцијално нова генерација вселенски летала.
Ракетата Zhuque-2 беше лансирана на 12 јули од центарот на Џиукан во северозападна Кина и го заврши својот лет според планот.
Ова беше втор обид на компанијата LandSpace, која ја стави својата технологија на тест минатиот декември, но неуспешно.
Интересно е да се спомене дека Кинезите ги надминаа американските гиганти SpaceX и Blue Origin, чии сопственици се милијардерите Илон Маск и Џеф Безос.
И тие се многу активни во трката за развој на авиони со погон на метан, кои се сметаат за побезбедни, поевтини, помалку штетни за животната средина и посоодветни како гориво во ракетите за повеќекратна употреба од оние што се користат досега.
LandSpace е втората кинеска компанија која лансира ракета на течно гориво. Во април, Pekining Tianbing Technology направи голем напредок со вселенско летало напојувано од мешавина од керозин и кислород.
Локалните компании забрзано го освојуваат овој сектор од 2014 година, кога државата дозволи приватни инвестиции во вселенската индустрија.
Споменатиот LandSpace беше еден од најраните и најдобро финансираните учесници во технолошката трка.
Подготвено од А.Ѓ.