hakerski napadi

21.07.2023 Скопје

Група кинески хакери добиле пристап до поштенското сандаче на американскиот амбасадор во Пекинг, Николас Бурнс, како дел од кампањата за собирање разузнавачки информации, која неодамна ги таргетираше и е-поштата на Џина Раимондо, министерката за трговија на САД.

Според анонимни извори, хакерите направиле пробивање и во е-поштата на Даниел Критенбринк, помошник државен секретар на САД за Источна Азија.

Засега не е познато какви информации имаат собрано хакерите, но се работи на откривање на базата од каде што се вршат овие сајбер напади.

Подготвено од М.Н.

About Author