https://www.flickr.com/photos/douglastofoli/28978174032/in/photolist-L9GHyd-ySCpgb-JCJLP4-zCGKUi-uDCaDs-8mCA9t-raymDa-JxpSwX-4edc7f-8tiP29-E9FGEu-zTwW3D-MjpEuJ-jdJab1-MG5GuJ-eg3HvE-NjuUNh-MnY9dR-LQYmua-NZinfg-qt5xkX-LehiY5-L2gQjh-wD9iAG-cwjrzd-JXf2gX-tK4eLk-yb15bh-KuLFwS-CjnZx6-JUWNmB-K8AtTM-KNQ1Sh-ABDAax-jqfjkX-bccxdz-AXyiAv-dToDMa-yupyAG-PwRfqk-KbDfH3-QcJSnn-4qTAHY-KhS4Be-p5Aade-oNne2A-p5Rym2-p3Pze1-Jr3mif-L2VV8z

13.07.2023 Скопје

Источната воена команда на Кинеската Народноослободителна армија соопшти дека кинеската војска следеше и надгледуваше поморски патролен авион на американската морнарица што мина низ меѓународниот воздушен простор во Тајванскиот теснец.

Во соопштението се навеедува дека трупите постојано се во готовност и се додава дека решително ќе го зачуваат националниот суверенитет и безбедност на Кина.

Претходно беше објавено дека патролен авион на американската морнарица летал низ Тајванскиот теснец, по дводневните кинески воени вежби јужно од островот.

Кинеските власти тврдат дека имаат „суверенитет, суверени права и јурисдикција“ над водниот пат, но Тајван и САД го оспоруваат тоа.

Командата на седмата флота на САД соопшти дека нејзиниот патролен и извидувачки авион P-8A Poseidon летал низ теснецот во меѓународниот воздушен простор.

„Транзитот на авионот низ Тајванскиот теснец ја покажува посветеноста на Соединетите Држави за слободен и отворен Индо-Пацифик. Американската војска лета, плови и оперира секаде каде што дозволува меѓународното право“, се вели во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author