sad tajvan kina

05.07.2023 Скопје

Од Пентагон соопштија дека Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната продажба на муниција и логистичка поддршка за две одделни зделки, вредни 440 милиони долари.

Британските медиуми пренесуваат дека кинеското Министерство за одбрана во соопштение истакнало дека Кина категорично се спротивставува на продажба на оружје од САД за Тајван и дека има упатено остри предупредувања на кон Вашингтон.

„САД ги игнорираат главните стравувања на Кина, со сила се мешаат во внатрешните работи на Кина и намерно ги зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец“, изјави портпаролот на војската на Пекинг.

Подготвено од М.Н.

About Author