https://www.flickr.com/photos/usnavy/11053751174/in/photolist-hQMn7N-NymHXK-VZdQ2A-2nqmo1W-9N5UPd-2npDyR1-2npCiaF-2kotk9S-2gn8CVg-2m73mQm-2cjxhuc-2mQfJmB-2nVAntF-M2nDkt-2nHnJWG-L57WvQ-2nxTNSz-2mmYKwm-2dhVjUf-KnoBej-L5kgMv-L57XNu-2nA4zzv-2m7aAC3-2mRcRcK-2nqfdr1-2n7GLh7-2mSkUja-6sB42E-2mJbvBq-XWxVX8-2mRgPYo-KDsMDG-M2nEZa-2myNuSX-2mRgPY3-XgmKKv-2nAc8hN-2jr766e-KDsNcW-2myDDjw-2nA9B7Y-WFNHjf-2gn6U4w-2mRnM8N-2nqv8nH-2myMgi8-2mRe8RZ-Xhbe3n-2m6KiSg

07.07.2023 Скопје

Кина распореди 15 авиони и шест воени бродови во близина на Тајван во изминатите 24 часа, објави Министерството за одбрана на островот, прецизирајќи дека авионот Y-9 го поминал југозападниот периметар на зоната за идентификација на противвоздушната одбрана (Адиз).

Кина тврди дека самоуправниот остров е неотуѓив дел од нејзината територија и речиси секојдневно организира летови во водите и воздушниот простор околу островот.

Претходно оваа недела, тајванската војска спроведе две вежби со жив оган во јужниот дел на округот Пингтунг. На 3 јули се одржа вежбата „Тиан Ма“ со распоредување на противтенковски ракети Tow 2A од американско производство.

Маневрите беа спроведени со цел да се зајакне борбената готовност на војниците во случај на инвазија на Кина, која го смета островот за „неотуѓив дел“ од својата територија.

Следниот ден на ред дојдоа вежбите „Шен Кунг“, фокусирани на лансирањето на ракетите Стингер и на проценката на асиметричните воени способности на трупите. Во маневрите учествуваа 11 армиски единици.

Пингтунг, со поглед на Тајванскиот теснец, Јужното Кинеско Море, Тихиот Океан и каналот Баши, кој го дели Тајван од Филипините, е високо стратешка точка за следење на воените активности на Пекинг, како и потенцијално место за слетување во случај на инвазија.

Подготвено од М.Н.

About Author