sad i kina zname

13.07.2023 Скопје

Кинеските власти ги повикаа САД да ги укинат едностраните санкции за кинеските компании, пред можната посета на американската министерка за трговија Џина Раимондо.

„САД сериозно им наштети на интересите на кинеските компании“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија, Шу Јуетинг.

Тој додаде дека Кина цврсто се противи на ова и го повика Вашингтон веднаш да престане со „неразумното задушување на кинеските компании и да ги повлече едностраните санкции против нив“.

Одговарајќи на прашање за можна посета на американскиот министер за трговија, Шу рече дека Кина е отворена за таква посета и дека е во комуникација со САД по тоа прашање.

„Кина ќе остане посветена на решавање на економските и трговските проблеми преку комуникација и дијалог, а истовремено ќе промовира конструктивна и практична соработка“, посочи Шу.

САД воведоа санкции за кинеските компании кои наводно се вклучени во принудна работа во далечниот западен кинески регион Ксинџијанг.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author