https://www.flickr.com/photos/johngmagee/282498839/in/photolist-qXT4D-9wygZY-3jpM5-9J77aF-7JWXVE-5fpaLv-5WiDX1-c6yLTf-678iB3-cAa32U-76y34j-35Efb-UWSAFV-4DEnc8-9uqbr5-5thpP8-qrA2ki-4Urgt-s9uCj-8svUxg-6dYiEa-2c5CTg-4xSvWw-51i92w-9ysiKx-akmWcv-8hvhjt-4B6Wfa-9tLNc9-5h39J-4fJMnN-2DfoYJ-2MWkJ3-yCdEQ-asQGA7-4aVnsX-783cH8-hbw4nE-7pcy74-5thpF8-xdZ6nA-pvzVs3-4LmgzQ-99pjd9-eZoL-6kb7tc-LDki4-vQu4k-962fnW-4DHDou

10.07.2023 Скопје

Кина го забрани увозот на домашни и диви свињи директно или индиректно од Босна и Херцеговина и Хрватска поради африканска свинска чума, се вели во две соопштенија објавени денеска од кинеската Царинска управа.

Во соопштенијата се наведува дека сите домашни и диви свињи кои влегуваат во Кина ќе бидат вратени или уништени.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Српска во сабота на 8 јули соопшти дека африканска свинска чума е потврдена на уште пет локации, односно на вкупно 64 имоти, а нови жаришта се регистрирани во Велино Село кај Бјелина и општина Доњи Жабар.

Стеван Радиќ, началникот на владиниот Оддел за ветеринарна медицина во округот Брчко, во четвртокот, на 6 јули, рече дека во областа Брчко се регистрирани 19 фарми каде што е откриена африканска свинска чума и дека 355 заразени животни биле еутанизирани.

Хрватското Министерство за земјоделство еден ден подоцна објави дека африканска свинска чума во Хрватска е потврдена на еден имот во Сикиревци, во Брод-Посавина и на 34 имоти во Вуковарско-сремската жупанија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author