26.07.2023 Скопје

Чин Ганг е разрешен од функцијата министер за надворешни работи на Кина. Ванг Џи беше назначен за нов кинески министер за надворешни работи.

Ова беше одлучено на седницата на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес, тело кое донесува и менува закони кога парламентот не заседава.

Чин последен пат се појави во јавноста пред еден месец, а кинеската влада претходно соопшти дека тоа е од здравствени причини, без да даде дополнителни детали.

Долгото отсуство на Чин Ганг од јавноста доведе до бројни шпекулации, кои уште еднаш ја нагласија тајноста на системот во Кина.

Последен пат бил пријавен на 25 јуни, кога бил на јавен настан.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *