si dzimping kina

27.07.2023 Скопје

Кинескиот претседател Си Џинпинг во разговор со индонезискиот лидер Џоко Видодо во југозападниот кинески град Ченгду изјави дека Кина е подготвена да ја продлабочи стратешката соработка со Индонезија.

Си истакна дека Кина и Индонезија треба да обезбедат висок стандард за завршување на брзата железница Џакарта-Бандунг.

Изградбата на брзата пруга се одложува четири години поради буџетски проблеми.

„Кина е подготвена да го прошири увозот на индонезиски производи за широка потрошувачка, како и земјоделски производи“, додаде Си.

Видодо е во посета на Кина за да присуствува на церемонијата на отворање на Светските универзитетски игри во Ченгду.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author