11.07.2023 Скопје
Поморската полиција од Сењ за време на викендот казнила тројца странски туристи кои возеле глисер во близина на брегот, а казната била по 400 евра.
Ова го соопштија од полицијата на Лика-Сењ, потсетувајќи дека за безбедност на капачите е забрането возење со голема брзина на глисери на 300 метри од брегот.
40-годишен германски државјанин и 53-годишен австриски државјанин биле фатени како возат премногу блиску до брегот во морето кај островот Раб, а 55-годишен француски државјанин во близина на Новаља.
Им биле издадени прекршочни потерници во износ од 400 евра. Според Правилникот за условите и начинот на одржување на редот во пристаништата и во другите делови на хрватските морски води и територијално море, глисер може да се вози само на оддалеченост поголема од 300 метри од брегот.
Подготвено од А.Ѓ.