https://www.flickr.com/photos/48947180@N05/5543857578/in/photolist-9rTHHm-2mNupuH-4tR6CM-2n4ogPY-8d6wUE-EFvTe-7K97Az-9SLejx-2c8FjMw-BDVJ5J-2eHx7pG-663pch-Gx6dcL-aptNmv-25hyM3w-6MPNbS-8AP2HH-9SNVuS-GucNnp-Jjcrod-2kiQpX-53TY21-7cjCJj-6ue1hm-2mZqXcg-21nHrJ-2iEbLwJ-4PrC8t-nmsM82-2iipstA-6CsyeV-6KMVVV-HLTuA-23gqqnu-2mztWjY-25FaFPB-88cX7t-ohWz9g-GV1kG-dVSbpQ-2hUsuki-29Qr6uA-9W5dfv-4RiGWi-4GMrm2-qPVmQF-a5rX1e-etuihS-4t2Jzd-4sGpgV

26.07.2023 Скопје

Косовскиот вицепремиер Бесник Бисљими, пред неколку дена на прес-конференција во Приштина, изјави дека, Косово не треба да распишува избори во северните општини без претходно да бидат укинати казнените мерки воведени од страна на Европската унија.

Аналитичарката Арта Тахири-Беќа смета дека Европската унија ќе ги укине казнените мерки против Косово откако ќе се одржат избори во четири општини на северот.

Тахири-Беќа истакна дека дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да продолжи во Брисел, но додаде дека според ситуацијата не треба да се има премногу надежи дека во скоро време ќе се постигне договор меѓу двете страни.

Подготвено од М.Н.

About Author