https://www.freepik.com/free-photo/water-glass_3817756.htm#query=glass%20of%20water&position=38&from_view=search&track=sph

26.07.2023 Скопје

Водата е неопходна за детоксикација на организмот, но е добра и за нашата енергија и делува смирувачки.

За да може нашето тело да функционира правилно, треба да внесуваме доволно течност, односно вода, и тоа на вистински начин.

Според јапонската народна медицина, првата чаша вода треба да се испие веднаш по будењето.

Препорачливо е да пиете четири чаши вода, по 150 милилитри наутро, со пауза од пет до седум минути. Во првата чаша вода се препорачува наутро да додадете малку сок од лимон бидејќи оваа комбинација се покажала како многу успешна кога станува збор за забрзување на метаболизмот и слабеење.

По овие 600 милилитри вода, треба да продолжите да пиете вода во текот на денот, а треба да поделите околу 2,5 литри вода.

Не е неважно ниту која е температурата на водата. Треба да биде блиску до температурата на телото, па ледената вода не е добар избор, ниту пак треба да биде многу потопла.

Покрај тоа што е неопходна за здравјето и без неа е невозможно чистење или детоксикација на телото, водата влијае и на нашата енергија бидејќи делува смирувачки.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *