https://www.flickr.com/photos/66625604@N07/7909214748/in/photolist-d3UMZw-Cu2eko-q3mdr3-qfTbv8-dD4Hb6-dPYLDv-dPLyyj-QivRTs-dPKiPj-dPEbUg-dPKNJY-23Nhdd1-dPXW8Z-dPLicU-BX9Vi9-NyAWnF-DzwBar-aAHR1s-K5nazj-2jhvYNj-2h21p5S-6BobUH-2gNPYiD-4SbNpm-2gw7tsG-dPEV4z-dPLzQ9-dPLzRm-dPE6SZ-FH9sMw-22umF9r-22tKPd2-22tPk3r-22LUEQ9-dPEn3T-22LsnBo-22NyEiA-2jZndcu-TxR99u-2fayLVi-akSadp-zQVf9-rRBEFL-qJYDPx-DMwGbm-Wy3k3Y-CSsD9x-4wheGF-CSkG9L-Qprn94

26.07.2023 Скопје

Просечната нето плата во мај изнесувала 86.220 динари, 734 евра, што е за околу 2.400 динари, 22 евра, повеќе од април.

Највисока просечна плата имале граѓаните кои живеат во Белград, која изнесувала 109.167 динари, 915 евра.

За разлика од нив, најниска просечна плата има во Јабланичкиот регион, 64.812 динари, 543 евра.

Најниска просечна плата имале граѓаните на општините Бојник, Власотинце, Прешево и Блаце, каде таа не надминувала 60.000 динари, 503 евра.

Просечни плати до 70.000 динари, 586 евра, земале жителите на општините Куршумлија, Житораѓа, Трговиште, Сурдулица, Владичин Хан, Врање, Димитровград, Бабушница, Бела Паланка, Нишка Бања, Алексинац, Црна Трава, Лебане, Лесковац, Власотинце.

Исто така, во општините Сокобања, Књажевац, Петровац на Млави, Голубац, Нови Пазар, Рашка, Тутин, Јагодина, Александровац, Ивањица, Пријепоље, Сјеница, Ариље.

Просечна плата повисока од вкупната просечна плата имале жителите на Вршац, Нови Сад, Бор, Мајданпек, Медијана, Смедерево и сите белградски општини, освен Бараево, Гроцка, Младеновац, Обреновац, Сопот и Сурчин.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author