19.07.2023 Скопје

Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли изјави дека ќе размислува за заминувањето на Душан Влаховиќ само доколку пристигне атрактивна понуда.

Европските медиуми пишуваат дека за српскиот напаѓач се заинтересирани неколку клубови, меѓу кои најсериозни се Челзи и Баерн.

„Цврсто веруваме во Душан. И фокусирани сме на него. Мислам дека имаме одличен напад. Но, исто така е јасно дека треба да си ги подмириме сметките. Па, ако пристигне понуда која не може да се одбие. Колкава понуда? Не би се занимавал со суми, за тоа ќе разговараме доколку пристигне понуда“, изјави Џунтоли.

„Не можам да зборувам за ниту еден играч конкретно во овој момент, бидејќи сме само на почетокот на преодниот рок. Ги имаме Влаховиќ, Кијеза, Милик и Кен, напаѓачи во кои цврсто веруваме. Убедени сме дека имаме одлична офанзивна база“, истакна Џунтоли.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *