12.07.2023 Скопје
Кошаркарот на Денвер и српски репрезентативец Никола Јокиќ ја доби наградата ESPYS за најдобар играч минатата сезона во НБА лигата.
НБА на својот официјален Твитер профил објави дека Јокиќ е добитник на наградата ESPI за најдобар кошаркар во најдобрата лига на светот.
Српскиот кошаркар ја доби оваа награда за првпат во кариерата пред Џоел Ембиид, Џими Батлер и Џејсон Тејтум. Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, седум пати во кариерата ја освојуваше наградата ESPI.
Во претходните две сезони оваа награда му припадна на Стеф Кари. Наградата се доделува од 1993 година.
Јокиќ минатата сезона со Денвер ја освои титулата во НБА лигата, а српскиот кошаркар беше прогласен за МВП на финалето на плејофот.
Подготвено од А.Ѓ.