francija japonija prva voena vezba

27.07.2023 Скопје

Воздухопловните сили на Јапонија и Франција денеска ја започнаа својата прва заедничка вежба, која ќе трае до 29 јули.

Ова беше потврдено од јапонското Министерство за одбрана, според кое маневарот има за цел продлабочување на билатералната соработка во областа на одбраната во корист на слободен и отворен Индо-Пацифик.

На вежбата, која се одржува во воздухопловната база Њутабару во југозападната јапонска префектура Мијазаки, учествуваат три борбени авиони Ф-15 од јапонските воздушни сили за самоодбрана и два ловци-бомбардери Рафале од француското воено воздухопловство.

Програмата вклучува и лет над Канто, областа на централна Јапонија која го вклучува главниот град Токио.

Подготвено од М.Н.

About Author