21.07.2023 Скопје
Локална аголна продавница во центарот на Лос Анџелес продаде добитен билет за џекпот на Powerball, вреден малку повеќе од милијарда долари, што е шестти најдобивен тикет во САД и во историјата на играта.
Бројките на добитниот билет се т.н бели топчиња 7, 10, 11, 13, 24 и една црвена „пауербол“ топка 24.
Победникот може да избере или вкупен џекпот исплатен на годишни рати или паушален износ од 558,1 милиони долари, при што имињата на победниците ќе бидат запишани во јавниот запис.
Калифорниската лотарија преку Твитер објави дека добитното ливче е продадено во мини маркетот Лас Палмитас, кој ќе добие бонус од еден милион долари од лотаријата.
Последен пат кога некој го освои „Powerball Jackpot“ е на 19 април за главна награда од речиси 253 милиони долари.
Играта на среќа се игра во 45 држави, како и во Порторико, Вашингтон и Американските Девствени Острови.
Најголемите добивки во игрите на среќа досега се извлечени во ноември минатата година, исто така на лотаријата „Powerball“, а исто така и во Калифорнија и изнесуваат 2,04 милијарди долари.
Подготвено од А.Ѓ.