napad racija vo jenin

03.07.2023 Скопје

Бројот на загинати Палестинци во утринаската рација на израелските одбранбени сили (ИД) во градот Џенин на Западниот брег и во бегалскиот камп се искачи на седум, а бројот на повредени е околу 25, известија израелските медиуми.

Копнените сили на ИД го нападнаа градот со воени оклопни возила, опкружувајќи го бегалскиот камп. На покривите на неколку згради биле стационирани стрелци и биле претресени голем број на куќи, додека во голем дел од кампот била исклучена и струјата.

Портпаролот на ИД, Даниел Хагари, соопшти дека утринската рација во Џенин е дел од низа поврзани безбедносни акции и дека израелската војска не е таму за да го окупира бегалскиот камп. Хагари исто така изјави дека оваа рација не е против Палестинската национална власт (ПНА), туку против терористичките групи.

Потпаролот Хагари прецизираше дека, откако првичното со бомбардирање на воздухопловните сили го погодиле „заедничкиот штаб на терористичките групи“, ИД извршила и низа бомбардирања со беспилотни летала на барани позиции и други локации кои што се користеле за криење и производство на оружје од страна на терористичките групи.

Подготвено од М.Н.

About Author