zheshko vreme

17.07.2023 Скопје

Во градот Санбао во Ксинџијанг, северозападна Кина, во неделата во таа земја е забележана рекордна висока температура од 52,2 степени Целзиусови.

Според извештаите, се очекува рекордната жештина да трае уште најмалку пет дена.

Претходниот рекорд од 50,3 степени Целзиусови беше измерен во 2015 година во близина на Ијдинг во Синџан, во вдлабнатина на повеќе од 150 метри под нивото на морето.

Земјите низ Азија беа погодени од неколку рекордни топлотни бранови од април.

Во Кина рекордно високите температури предизвикаа проблеми со снабдувањето со електрична енергија и земјоделските култури, а се стравува и од повторување на минатогодишната суша, најлоша во последните 60 години.

Во Кина, на 22 јануари, температурите во Мохе, град на североисток, се спуштија на минус 53 степени Целзиусови, што е рекорд за најниска температура во земјата.

Соединетите Американски Држави и Кина оваа недела во Пекинг водат разговори со нивниот претставник за климата за борбата против глобалното затоплување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author