03.07.2023 Скопје

Израел даде зелено светло за купување на 25 повеќенаменски ловци Ф-35 од САД во зделка вреден околу три милијарди долари.

Оваа информација ја соопшти израелското Министерство за одбрана, објаснувајќи дека министерот Јоав Галант ја одобрил препораката предложена од началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, генерал Херзи Халеви, од генералниот директор на Министерството, Ејал Замир и од Началникот на воздухопловните сили, Томер Бар.

Ф-35 се произведени од американската воздушна група Локхид-Мартин и во израелските воздухопловни сили се познати како „Адир“. Новата флота ќе го доведе Израел до вкупно 75 борбени авиони во следните неколку години.

Овој нов договор ќе обезбеди продолжување на соработката меѓу американските компании и израелските одбранбени индустрии во производството на делови за авиони, стои во соопштението на израелското Министерство за одбрана.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *