broddd

10.07.2023 Скопје

Брод со околу 200 мигранти од Сенегал исчезна во близина на Канарските острови, а според невладините организации, на него има многу деца.

Во потрагата по исчезнатите учествуваат шпански спасувачи, а „Walking Borders“ наведува дека бродот испловил пред една недела од пристаништето Кафунтин во Сенегал, кое е на околу 1.700 километри од Тенерифе.

Се додава дека во потрагата учествува и авион, како и дека исчезнале уште два слични брода со 60 односно 65 луѓе.

Како што е наведено, рутата од Западна Африка до Канарските Острови се смета за една од најопасните миграциски патишта поради силните струи во Атлантскиот Океан.

Минатата година најмалку 559 луѓе загинаа на море обидувајќи се да стигнат до шпанските острови, соопшти Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ).

ИОМ наведува, врз основа на податоците на шпанското Министерство за внатрешни работи, дека на Канарските острови во 2022 година пристигнале 15.682 лица, што е за 30 отсто помалку од 2021 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author