tankeri nafta

06.07.2023 Скопје

Иранските власти се обиделе да запрат и запленат два танкери во Ормускиот теснец, дури и испукале неколку куршуми во еден од нив, потврди портпаролот на Петтата флота на американската морнарица Тим Хокинс.

„Властите во Техеран се обидоа да задржат два танкери кои пловеле во меѓународни води, во рамките на законот, американската морнарица веднаш реагираше и ја спречи заплената“, изјави Хокинс, додавајќи дека иранските бродови се повлекле по американската реакција и дека двата танкери потоа го продолжиле своето патување.

Хокинс прецизираше дека од истрелите од техеранските бродови врз еден од двата танкери нема жртви или предизвикана штета. Според податоците објавени од Амбри, компанија специјализирана за обезбедување разузнавачки служби, еден од двата танкери патувал од Обединетите Арапски Емирати до Сингапур, носејќи го знамето на Бахамите.

Се вели дека бродот е во грчка сопственост, но управуван од САД. Инцидентот се случил на околу 28 наутички милји североисточно од Мускат, главниот град на Оман.

Подготвено од М.Н.

About Author