inflacija

10.07.2023 Скопје

Инфлацијата во Кина во јуни падна за 0,2 отсто месечно, додека таа остана непроменета на годишно ниво во споредба со јуни минатата година, објави денеска Националното биро за статистика на Кина.

Двата резултати се малку изненадувачки, бидејќи пазарите прогнозираа дека месечната инфлација во Кина ќе остане иста како во мај, со годишен пораст од 0,2 отсто.

Цените на непрехранбените производи во јуни се намалени за 0,6 отсто на годишно ниво, а цените на транспортот – за 6,5 отсто, додека цените во образованието – за 1,5 отсто и здравството – за 1,1 отсто.

Во јуни цените на храната се зголемија за 2,3 отсто на годишно ниво, што е значително забрзување во споредба со мајските 1,0 отсто.

Годишната основна стапка на инфлација се зголеми за 0,4 отсто во јуни, што е најниска од март 2021 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author