13.07.2023 Скопје
Индиската вселенска агенција се подготвува да лансира ракета во петок со која ќе се обиде да слета истражувачки ровер на Месечината.
Со тоа Индија ќе испрати порака дека стана сила во истражување и тестирање на нови начини на тргување во вселената.
Изграден со буџет од нешто помалку од 75 милиони долари, Chandrayaan-3 треба да се подигне од космодромот во јужната држава Андра Прадеш. Роверот треба да биде поставен на Месечината на 23 август.
Успешната мисија ќе придонесе за глобалниот статус на Индија и ќе донесе индиректни придобивки во комерцијалниот аспект на индустријата – рече Аџеј Леле од Институтот за одбранбени студии и анализи Манохар Парикар во Њу Делхи.
Подготвено од А.Ѓ.