14.07.2023 Скопје
Индиската вселенска агенција денеска го лансираше вселенското летало Чандрајан-3 на Месечината.
Телевизиските снимки покажаа како ракетата полета од космодромот во јужната држава Андра Прадеш, оставајќи зад себе облак од чад и оган.
Ќе бидат потребни меѓу 15 и 20 дена за вселенското летало да влезе во орбитата на Месечината, во тој момент научниците ќе почнат да ја забавуваат ракетата за да обезбедат безбедно слетување.
Се очекува Чандрајан-3 да слета на Месечината помеѓу 23 и 24 август, а вселенското летало се планира да биде првото што ќе го истражува јужниот пол на овој сателит на Земјата.
Чандрајан-3 тежи 3.900 килограми, а неговата цена е 66,79 милиони евра.
Доколку мисијата успее, Индија ќе биде четвртата земја во светот што слета на Месечината.
Претходно во тоа успеаја САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина.
Подготвено од А.Ѓ.