https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/2c/Kernkraftwerk_Saporischschja.JPG

07.07.2023 Скопје

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) „постигнува напредок“ во инспекцијата на украинската нуклеарна централа Запорожје, соопшти генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси истакна дека успешно била завршена обиколката на реакторите за ладење и другите ризични локации околу централата и немаат пронајдено никаква опасност и никакви индикации за поставени мини или други експлозивни направи.

Сепак, се уште не е можно да се прегледаат покривите на конструкцијата, истакна Гроси, и додаде дека сосема е уверен дека наскоро ќе добијат и такво овластување, објаснувајќи дека во некои случаи потребни се неколку дена за да се добие зелено светло.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *