31.07.2023 Скопје
Социјалната мрежа Икс, до неодамна позната како Твитер, го реактивираше профилот на американскиот рапер Џе (поранешен Канје Вест), речиси осум месеци откако тој твитна слика од свастика помешана со Ѕвезда на Давид.
Џе нема да може да го материјализира својот профил и нема да се појавуваат реклами покрај неговите објави.
Неговиот профил веќе еднаш беше деактивиран поради антисемитски изјави, но набрзо беше вратен.
Помалку од две недели откако се врати на социјалната мрежа, тој ги пофали Адолф Хитлер и нацистите пред да објави слика од свастика.
Тој пост доведе до суспензија издадена од самиот Илон Маск, која сега е укината, откако раперот наводно ветил дека нема да ја користи платформата за ширење антисемитизам и други форми на говор на омраза.
Подготвено од А.Ѓ.