21.07.2023 Скопје
Хрватскиот противпожарен сојуз (ХВЗ) објави дека повеќе од 8.600 пожарникари учествувале во речиси три илјади интервенции за санирање на последиците од невремето, најмногу интервенции имало во Загреб и Пожега-Славонска и во Загреб.
Последиците од невремето се санираат во дури 14 жупании, а пожарникарите ги отстрануваат дрвјата од патиштата и зградите, помагаат во поправка на покривите и оџаците и ја испумпуваат водата од зградите, соопшти ХВЗ. Воедно, оттаму соопштија дека во месноста Супетарска Драга при отстранување на дрво на островот Раб е повреден пожарникар на ДВД Раб, укажана му е лекарска помош и е пренесен на понатамошно лекување во КБЦ Риека.
Заедницата, исто така, објави дека главниот командант на пожарникарите наредил итен трансфер на противпожарните бригади од Осиекско-барањската жупанија, ДВД Белишќе е испратено во погодената област Плетерница, а ЈВП Осиек и Бели Манастир и ДВД Ѓаково и В.З.
Во Загреб во 440 интервенции учествувале околу 1.320 пожарникари со 450 противпожарни возила.
Околу 2.720 пожарникари со 995 противпожарни возила учествувале во 940 интервенции во Загребската жупанија, најмногу во областа Самобор, Велика Горица, Запрешиќ, Брдовац, Иваниќ Град и Дуго Село.
Во Карловачката жупанија имало 307 интервенции во кои учествувале околу 990 пожарникари со 380 противпожарни возила, најмногу на подрачјето на Карловац, Дуга Реса, Липник, Слуњ, Скрадско Село и Рибник итн.
Подготвено од А.Ѓ.