25.07.2023 Скопје
Израелскиот парламент на Кнесет во текот на вчерашниот ден го усвои клучниот закон во планираната судска реформа предложена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, со кој се укинуваат овластувањата на Врховниот суд да ги поништува одлуките на владата и парламентот што ги смета за неразумни и штетни.
Законот беше усвоен со 64 гласа „за“ и без гласови против, а пратениците од опозицијата во знак на протест го бојкотираа конечното гласање за законот.
„Ние сме на пат кон катастрофа. Ако сега гласате за овој закон, ставате крај на народната армија, ги зајакнувате непријателите на Израел, штетите на безбедноста на државата Израел. Ја ослабувате државата Израел, народот на Израел и израелските одбранбени сили…“, рече поранешниот премиер и министер Јаир Лапид за време на дискусијата.
Внатре во Кнесетот, пропаднаа повеќе обиди во последен момент да се измени нацрт-законот или да се постигне поширок процедурален компромис со опозицијата, а беа отфрлени две компромисни рамки што ги предложи синдикалниот лидер и израелскиот претседател Исак Херцог.
Гласањето уследи по речиси 30 часа непрекината дебата што започна во неделата наутро.
Во тој период, стотици илјади демонстранти излегоа на улиците да протестираат против усвојувањето на законот што го сметаат за недемократски.
Нетанјаху најави план за реформи во судството во јануари, веднаш по преземањето на функцијата, а оттогаш почнаа масовни протести низ Израел против реформите.
Шефот на главниот синдикат на работниците во јавниот сектор во Израел, Арнон Бар-Давид, изјави дека ќе разговара со други претставници на синдикатот за можен генерален штрајк откако парламентот го ратификуваше клучниот елемент од контроверзниот план за реформи во судството.
„Од сега па натаму, секој унилатерален напредок во судските реформи ќе има сериозни последици. Или работите ќе напредуваат со широк договор или воопшто нема да напредуваат“, рече Бар-Давид.
Тој додаде дека на состанокот со другите синдикални лидери ќе ја разгледа опцијата за активирање генерален штрајк „доколку е потребно, додека не се постигне целосно исклучување“.
Подготвено од А.Ѓ.