hrvatska nepogodi

20.07.2023 Скопје

Министерството за одбрана соопшти дека педесет припадници на хрватската армија се испратени во Вуковарско-сремската жупанија за санирање на материјалната штета предизвикана по големото невреме.

Министерот за одбрана Марио Баножиќ одлуката ја донел по барање на Штабот за цивилна заштита, а припадниците на инженерскиот полк на Хрватската армија се испратени да ја санираат штетата и ќе бидат ангажирани за санирање на штетите предизвикани на подрачјето на Винковци, односно државниот пат Д55.

„Хрватската армија со своите припадници и опрема ќе биде ангажирана онолку долго колку што е потребно за што поскоро да се отстранат последиците од незапаметеното невреме што зафати неколку жупанија во Република Хрватска“, рече по тој повод министерот Баножиќ, се вели во соопштението за медиумите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author