05.07.2023 Скопје
Холандија се подготвува за силно невреме, а тргнувањата на возовите и летовите од аеродромот Шипхол се откажуваат низ целата земја.
Властите издадоа црвено предупредување за бурата Поли, која ќе донесе ветрови до 120 километри на час.
Граѓаните рано утрово добија предупредување на мобилните телефони да се подготват за силно невреме.
Метеоролозите велат дека невремето би можело да предизвика голема штета од соборените дрвја, а ветерот ќе биде доволно силен за да ги подигне предметите од земјата.
„На возачите им се препорачува да ги одложат сите патувања кои не се во итни случаи“, соопштија властите.
На возачите на камп-приколки и камиони, кои неминовно треба да тргнат на пат, им се препорачува да не тргнуваат со празни возила, бидејќи ветерот може да ги „однесе“.
На аеродромот Шипхол откажани се неколку стотици летови.
Подготвено од А.Ѓ.