H&M

17.07.2023 Скопје

Шведската модна компанија H&M ќе отвори продавници во Бразил во 2025 година и ќе започне со онлајн трговија во оваа земја, соопштија денеска претставници на шведската компанија.

„Бразил има население од над 210 милиони луѓе кои високо ја ценат модата, така што има значителен потенцијал на овој пазар“, се вели во соопштението на H&M.

При влезот на бразилскиот пазар, H&M ќе ги здружи силите со компанијата Dorben Group, која е присутна во 10 земји од Централна и Јужна Америка, се додава во соопштението.

Во 2012 година шведската компанија ја отвори својата прва продавница во Латинска Америка – во Мексико, а моментално е присутна во Перу, Уругвај, Чиле, Колумбија, Еквадор, Гватемала, Панама и Костарика, потсетува британската агенција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author