21.07.2023 Скопје
Ако веќе не сте го направиле, додадете ги овие сочни, хидратантни овошја и зеленчук во вашето дневно мени за полесно да ги поднесете летните горештини и да го разладите телото.
„Хидрацијата го намалува ризикот од повреди и помага зглобовите да се подмачкуваат, додека дехидрацијата може да ги направи зглобовите поподложни на повреди“, вели нутриционистот Јаси Ансари.
Покрај обичната вода, можете дополнително да го хидрирате телото со внимателно избирање на храна.
„Околу еден литар вода дневно доаѓа од вода за пиење, а уште еден литар од храна“, тврди нутриционистката Тереза Џентиле.
„Со цел вашето тело да функционира оптимално за време на летните горештини, погрижете се да вклучите многу овошје и зеленчук во вашата исхрана“, советува Џентил.
За да останете добро хидрирани во текот на летните месеци, нутриционистите ја препорачуваат следната храна: лубеница, агруми, праски, сливи, јагоди и зелена салата.
Подготвено од А.Ѓ.