pozhari vo shpanija

07.07.2023 Скопје

Шумски пожар од големи размери го зафати грчкиот остров Евија, соопштија денеска пожарникарите.

Соопштено е дека во рамки на полициската акција е уапсен постар маж, одговорен за невнимание предизвикување пожар во шумски предел, при акција на пушење пчелни кошници во атарот на селото Милаки.

Во гаснењето на пожарот, недалеку од селото Милаки, во општина Кими-Аливери и на околу 70 километри од Атина, ангажирани се 82 пожарникари и 24 противпожарни возила. Во гаснењето на пожарот учествува и авион.

На тој простор се цементарницата АГЕТ Хераклис и електраната ППЦ, но не се во опасност, ниту населеното место, бидејќи пожарот се шири на другата страна.

„Пожарот е во полн ек, но засега, за среќа, куќите не се загрозени. Сепак, пожарот гори на делови кои се многу недостапни до кои пожарникарите не можат да стигнат. Овде ќе останеме додека пожарот не се стави под контрола“, изјави заменик градоначалникот на општината Никос Баракос.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author