brodd

27.07.2023 Скопје

Остатоци од заглавен брод, кој според неговите општи димензии се вклопува во димензиите на римските бродови, беа пронајдени на три километри од областа на античкиот Виминацијум при ископувањето на јаловина.

По дводневна работа, остатоците од добро сочуваниот брод беа целосно откопани, а потоа детално документирани според правилата на археолошката наука, соопшти Археолошкиот институт.

Откако багерскиот техничар го известил дежурниот рударски инженер, тркалото на багерот било запрено и повикани се археолозите од археолошкиот парк Виминацијум.

Археолозите Саша Реџиќ, Немања Мрѓиќ, Младен Јовиќиќ, Петар Којадиновиќ и Кристина Живковиќ набрзо потоа се нашле на лице место и веднаш претпоставиле дека најверојатно станува збор за остатоци од антички насукан брод.

Откриле дека бродот е зачуван во должина од 13 метри.

„Овој брод потсетува на бродовите што се користеле кај нас од 11 до 17 век. Сите завојувани страни на Дунав користеле вакви типови бродови. Општите димензии на бродот одговараат на димензиите на римските бродови. Такви бродови се и посведочено на Трајановата колона во Рим, која ги опишува војните на Трајан со Дакијците на почетокот на II век“, се наведува во соопштението.

Членови на конзерваторскиот тим на овој проект се Драгана Гавриловиќ, Кристина Поњавиќ и Михаило Мандрапа.

Во наредните денови ќе се изврши изградбата на челичната конструкција со која бродот во целина ќе биде пренесен во археолошкиот парк Виминацијум за понатамошна конзервација и подоцнежна презентација.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author