05.07.2023 Скопје
Во југозападниот дел на Кина, во провинцијата Чонгкинг каде живеат 31 милион жители, илјадници луѓе се евакуирани од своите домови, објавија денеска кинеските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Минатата вечер поради поројните дождови се урна и железничкиот мост во Чонгкинг, а во соседната провинција Сечуан, оваа недела повеќе од 460 илјади луѓе се погодени во различен степен од поројните дождови.
Кинескиот претседател Си Џинпинг издаде наредба, властите на сите нивоа да дадат приоритет на обезбедувањето на безбедноста на луѓето и имотот.
Властите соопштија дека околу 85 илјади луѓе се евакуирани од своите домови поради дождот и дека оваа недела се очекуваат големи поплави во планинските области и можни свлечишта поради обилните дождови.
Подготвено од М.Н.