droga juzna koreja tajland

18.07.2023 Скопје

Царинските власти на Јужна Кореја и Тајланд спроведоа операција во периодот меѓу март и јуни, која доведе до запленување на 72 килограми нелегална дрога, количина доволна за употреба од 2,15 милиони луѓе.

Агентите пресретнале 47 килограми јаба, комбинација од метамфетамин и кофеин, 12 килограми метамфетамин и други видови супстанци кои шверцерите се обиделе да ги прошверцуваат во Јужна Кореја најмалку 49 пати во 25 случаи по пошта, во 20 со брод и четири по воздушен пат. Запленетата количина на наркотици е три пати поголема од онаа што беше запленета при првата заедничка акција на двете агенции, пред една година.

Трговијата со дрога од Тајланд и другите земји од Југоисточна Азија во Јужна Кореја нагло се зголеми во последниве години, како и онаа на шверцерите уапсени од властите во Сеул.

Тајланд и Јужна Кореја заеднички склучија договор во последните години да спроведуваат заеднички операции против трговијата со дрога на редовна основа преку специјални инспекции. Во првите четири месеци од годинава Царинската агенција во Сеул заплени 213 килограми наркотици, што е за 32 отсто повеќе од лани.

Подготвено од М.Н.

About Author