https://www.freepik.com/free-photo/coins-pile-shopping-cart-white-background_1193012.htm#query=inflation%20economy&position=7&from_view=search&track=sph

11.07.2023 Скопје

Заводот за статистика објави дека по три месеци стагнација, инфлацијата во Германија повторно е во пораст во јуни.

Конечните податоци ја потврдија прелиминарната оценка – стапката на раст на цените на мало скокна на 6,4 отсто во однос на јуни 2022 година. Во мај годишната стапка на инфлација беше 6,1 отсто.

„Цените на храната сè уште се главниот генератор на индексот на инфлација. Дополнително, тука е и основниот ефект од мерките за субвенционирање на државата од минатата година, на пример, транспортните билети од девет евра и попустите на горивото, кои во моментов ја зголемуваат стапката на инфлација“, изјави претседателката на институтот Рут Бранд.

Во 2022 година, германската влада усвои мерки за потиснување на цените. Нивниот учинок е избришан од статистиката 12 месеци подоцна, па економистите проценуваат дека „јунскиот скок е минлив феномен“.

Инфлацијата е индекс на раст на цените на стоките и услугите во малопродажбата. Ја нагризува вредноста на парите и куповната моќ на потрошувачите – со други зборови, некој може да купи помалку за иста плата.

Цените на храната се зголемени за 13,7 отсто од јуни минатата година, што е помалку од мајските 14,9 отсто.

Конкретно, млечните производи поскапеле за 22,3 отсто, а шеќерот, џемот, медот и слатките за 19,4 отсто. Зеленчукот поскапува за 18,8 отсто, а житните производи за 18,3 отсто.

Поскапувањето на енергенсите од три отсто е под општиот просек, а далеку под ланскиот поради субвенциите на државата за струја, гас и парно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author