14.07.2023 Скопје
Германските и австриските туристи јавуваат дека не сакаат да се вратат во Хрватска поради високите цени.
Цените на сместувањето се зголемени за 30 проценти.
Претседателката на Хрватското здружение за семејно сместување Барбара Марковиќ истакна дека Хрватска досега „беше типична дестинација за семејни одмори и се залагаше за масовен туризам“, но сега е поскапа од Грција и Шпанија, а цените секојдневно се зголемуваат.
Туристка од Виена на Брач јадела ќебапи за кои платила 17,50 евра, а испила мало пиво за 7 евра.
„Десет невкусни ќебапи, грст замрзнато месо и мало пиво ме чинеа нешто помалку од 25 евра. Сметката ја заокружив на 25 евра, но големата сума беше навистина тешка за мојот стомак“, рекол австрискиот турист.
Тамошните медиуми пишуваат и дека туристите се жалат на цените на лежалките кои сега чинат 40 евра.
Подготвено од А.Ѓ.