letoo

31.07.2023 Скопје

Полицијата од Кемптен, Германија, ги предупредува туристите кои резервираат одмор во Хрватска да внимаваат на лажните веб-страници кои нудат сместување на јадранскиот брег.

Како предупредување го наведуваат примерот на две семејства од Алгој кои деновиве требало да уживаат на одморот во Хрватска во „одличен стан по разумна цена“.

Сепак, се се претвори во фијаско. Едно од семејствата го платило станот преку лажна веб-страница која била направена „да личи на веб-страница на реномиран давател на услуги“.

Како што соопштија од полицијата, првиот контакт со „сопственикот во Хрватска“ го оствариле преку оглас на интернет. Станот е изнајмен „преку чет провајдери и електронска пошта“.

Семејството требаше да плати половина од износот. Едно семејство платило трицифрена сума.

За среќа, другото семејство навреме ја препознало лажната понуда и не ја платило однапред бараната кирија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author