03.07.2023 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија „со загриженост“ ги следи немирите во Франција.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја одложи државната посета на Германија која требаше да започне денеска поради насилството на француските улици по убиството на 17-годишниот тинејџер Нахел.
Шолц рече дека иако со загриженост гледа, е уверен дека Макрон успешно ќе ја смири ситуацијата.
„Не очекувам Франција да стане нестабилна, иако сликите, се разбира, се многу вознемирувачки“, рече тој.
Подготвено од А.Ѓ.