lavica germanija

21.07.2023 Скопје

Лавицата забележана на јужната периферија на Берлин можеби припаѓа на Ремо, главниот арапски клан на организиран криминал во Германија, соопштија германските медиуми.

Германските медиуми дојдоа до вакво сознание од објавената пораката на Инстаграм, на синот на шефот на кланот Иса Ремо, Фирас.

Фирас на објавената порака на Инстаграм напиша дека, доколку некој знае некоја информација или пак ја има видено лавицата веднаш да го извести за да ја вратат безбедно дома, бидејќи има опасност некој да ја застрела.

Подготвено од М.Н.

About Author