07.07.2023 Скопје
Германската амбасада во Приштина потврди дека привремено ја прекинала соработката со институциите во одредени области, поради неисполнување на барањата на Европската унија за деескалација на ситуацијата на северот на Косово и Метохија.
Мерката, која Германија вели дека ја презела во согласност со дејствијата на Брисел, не влијае на „проектите со граѓанскиот сектор, како и на проектите што тие почнале да ги спроведуваат“.
„Мерките вклучуваат одложување на владините консултации за развојна соработка, суспендирање на планираното билатерално климатско партнерство и испорака на специфична опрема до обезбедувачите на безбедност“, истакнаа од германската амбасада.
На крајот на јуни, ЕУ објави дека вовела некои казнени мерки против Приштина, бидејќи владата не ги презела чекорите што ги бара европскиот блок за деескалација на ситуацијата на северот.
Подготвено од А.Ѓ.