10.07.2023 Скопје
Франција одлучи да ја забрани продажбата, поседувањето и транспортот на огномети за време на претстојниот национален празник 14 јули, Денот на Бастилја.
Забраната не се однесува на професионалци или општини кои организираат традиционален огномет за да го прослават Денот на Бастилја.
Во текот на вчерашниот ден беше објавена одлуката во Службен весник.
„Заради спречување на ризик од сериозно нарушување на јавниот ред и мир за време на свеченостите на 14 јули, до 15 јули се забранува продажба, поседување, транспортирање и користење на пиротехнички средства и огномет“, се вели во одлуката.
Огнометот беше меѓу избраните оружја за време на немирите што избувнаа во Франција откако полицаец застрела 17-годишник за време на сообраќаен прекин на 27 јуни во Нантер, во близина на Париз.
Насилството повторно ги разгоре долгогодишните фрустрации и обвинувањата за системски расизам меѓу француските безбедносни сили.
Подготвено од А.Ѓ.