makron-zelenski nato

11.07.2023 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција ќе почне да ја снабдува Украина со ракети со долг дострел за да може да се брани.

По пристигнувањето на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија, тој одби да даде детали за тоа колку и кои проектили ќе и бидат доделени на Украина.

„Одлучив да ја зголемам испораката на оружје и опрема што ќе им овозможи на Украинците да имаат капацитет да удрат длабоко, додека ја одржуваме нашата доктрина да и дозволиме на Украина да ја брани својата територија“, рече Макрон.

Во Вилнус денеска и утре се одржува самитот на НАТО, а една од главните теми е ситуацијата во Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author