https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3280159468901073&set=pb.100007211555008.-2207520000.&type=3

11.07.2023 Скопје

Министрите за одбрана на Германија и Франција, Борис Писториус и Себастиен Лекорну, на состанокот во Берлин изјавија дека сакаат да ги обноват плановите за производство на заеднички борбен тенк и изразија надеж дека развојниот проект ќе биде завршен до крајот на годината.

„И покрај сите деманти и гласини, ние го сакаме овој заеднички проект“, рече Писториус, додека Лекорн изјави дека сакале „да испратат јасна порака, дека сакаме да ја оставиме дипломатската фаза на проектот зад нас и да започнеме конкретна работа“.

Двајцата министри видно се обидуваат да покажат хармонија по неколкумесечни расправии меѓу нивните земји за различни прашања.

„Француско-германското пријателство е единствено. Нема земја со која сме поблиски на различни нивоа на односи од Франција“, истакна Писториус, додавајќи дека и оваа година планира да го помине одморот во Франција.

„Постои метод на Писториус. Тој има способност да биде многу директен, многу искрен и најдобар знак на пријателство е да се оди напред, а ние ја оставивме настрана дипломатската страна за да се фокусираме на резултатите“, рече Лекорну.

Во 2017 година Франција и Германија се договорија да работат на заеднички борбен авион, кој се проценува дека ќе чини вкупно околу 100 милијарди евра, како и на француско-германски тенк што ќе ги наследи германскиот Леопард 2 и францускиот Леклер, но со тој договор забави поради заострување на односите меѓу двете земји поради несогласувања за различни прашања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author