07.07.2023 Скопје
Европа мора да ја намали зависноста од синџирите за снабдување и производство на полупроводници.
Ова го изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на прес-конференција во единицата за истражување на чипови на Имек (Интеруниверзитетски центар за микроелектроника), во Лувен, Белгија.
„Чиповите се од суштинско значење за нашата зелена и дигитална транзиција и за нашите економии. Нашата економија нема да работи без чипови“, истакна Фон дер Лајен.
„Мораме да ја намалиме нашата зависност од неколкуте источноазиски добавувачи и ризикот за нашите синџири на снабдување. Критично е. Треба да го промовираме тестирањето на дизајнот и производството овде во Европа“, додаде претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.
Подготвено од М.Н.