https://www.facebook.com/photo.php?fbid=682434147258989&set=pb.100064772286521.-2207520000.&type=3

19.07.2023 Скопје

„Во името на клубот упатуваме јавен повик до сите Општини кои пред нешто повеќе од еден месец, се приклучија на заедничката борба за ФК Вардар“, стои на почетокот на објавата на официјалната страна на клубот.

Навивачката група „Комити“, откако го презема раководењето со клубот, на сите начини се обидуваат да придонесат за нови финансии. Тие ги повикаа скопските општини да купат по 1.000 билети кои чинат по 1.000 денари и така да му помогнат на клубот.

„Веруваме дека ќе ја поддржите акцијата, и дека ќе се согласите со наведениот предлог. Доколку било која од Општините посака директна средба по ова прашање ние како партнери во клубот ви стоиме на располагање 24/7 во неделата“, стои во соопштението на Вардар.

Покрај тоа, од ФК Вардар истакнаа дека имаат предлог, односно членските карти да бидат доделени на најранливите категории, кои поради влошената финансиска ситуација, не се во можност да ги купат.

Во клубот храбро продолжуваат со борбата да се изборат за финансиска стабилност за сезоната во која се враќаат во прволигашкото друштво по цели две сезони поминати во Втората лига.

Подготвено од М.Н.

About Author