novo zasiluvanje na fk vardar

24.07.2023 Скопје

Централен дефанзивец и стандарден репрезентативец на Андора, Алберт Алаведра (24) е четврто засилување на ФК Вардар.

Претходно македонскиот фудбалски клуб ги ангажираше Лука Трајкоски, Матеус Лемос и Владица Брдаровски.

Младиот Алаведра потекнува од младинската академија на Еспањол, а во својата кариера меѓу другото настапувал за Алгесирас, Манреса, Бадалона, Приморје.

Клубот на „црвено-црните“ моментално се наоѓа на подготовки во Златибор каде ја темпираат формата за новата сезона и со одигрување на пријателски натпревари.

Подготовено од М.Н.

About Author