06.07.2023 Скопје
Мета соопшти дека ќе започне да ги ограничува вестите на своите платформи за канадските потрошувачи откако парламентот го усвои контроверзниот закон за онлајн вести.
Предлог-законот ги принудува главните платформи да ги компензираат издавачите на вести за содржината објавена на нивните сајтови.
Канадскиот закон за онлајн вести поставува правила кои бараат платформите како Мета и Гугл да преговараат за комерцијални зделки и да им плаќаат на новинските организации за нивната содржина.
Мета истакна дека ќе стави крај на достапноста на вестите на Facebook и Instagram за сите корисници во Канада.
Гугл го нарече предлог-законот неостварлив во сегашната форма и рече дека работи со владата на изнаоѓање решение.
Федералната влада вели дека законот за онлајн вести е потребен за да се подобри правичноста на пазарот на дигитални вести во Канада и да им се овозможи на новинарските организации кои се борат да бидат прилично компензирани за вестите и врските споделени на платформите.
Анализата на нацрт-законот на независната парламентарна комисија за буџет проценува дека новинските компании би можеле да добијат околу 329 милиони канадски долари годишно од дигиталните платформи.
Подготвено од А.Ѓ.